Amazon во текот на вчерашниот ден одржа настан во Сиетл на кој претстави низа на нови производи. Она што според нас е до некаде изненадување, но и интересен производ е нивната AmazonBasics Microwave печка.

Се разбира, Amazon не би претставиле само уште една обична микробранова печка, без истата да нема некои паметни функции. Па така, оваа микробранова се поврзува на интернет, како и со Alexa, паметниот асистент од Amazon.

Ова поврзување и дава на печката можност да биде контролирана со гласовни команди. За да се користат гласовните команди, корисникот сепак треба да има и Echo звучник од Amazon кој доаѓа со Alexa.

Со оглед на тоа што Alexa е нели паметен асистент, користењето на печката може да се прави со команди во кои се кажува што е тоа што се пече во моментот. Корисникот нема потреба да знае колку време е потребно за таа храна, а истото го прилагодува Alexa автоматски.

Се разбира, гласовните команди може да се користат и за кога корисникот знае колку време сака да биде вклучена печката, како и за тоа кога сака да се вклучи, како што е примерот на сликата.

Интересно е што оваа микробранова има и функција за автоматска нарачка на пуканки кога истите ќе се потрошат. Претпоставувам дека во САД често се јадат пуканки и истите се прават во главно во микробранови печки.

Печката е достапна на Amazon, а секако не за Македонија, по цена од 60 долари, што не е воопшто висока цена.

ИЗВОРAmazon
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаНиз Скопје помина конвој на електрични возила
Следна статијаКако би изгледал Nokia смартфонот кој треба да има 5 камери на задната страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.