Microsoft, за верзијата од Windows 10 која ќе стане достапна од идната година, најави нова функција која можеби најмногу ќе им се најде на бизнис корисниците, а посебно тие кои работат со повеќе видови на непознат софтвер.

Конкретно се работи за функција наречена Windows Sandbox. Оваа функција ја заменува во основа потребата и практиката на администраторите да креираат посебна виртуелна средина на компјутерот на која ќе инсталираат посебна верзија од Windows.

Со Windows Sandbox сето ова го прави Windows, земајќи многу помалку простор и ресурси за истата цел.

За да може да работи Windows Sandbox треба да бидат вклучени сервисите за виртуелизација во BIOS, како и сервисот од Microsoft.

Windows Sandbox креира целосно виртуелна околина која нема поврзаност со основната инсталација на Window. За таа цел се користи и посебен kernel, па може да се каже дека е невозможно да што и да се случи во виртуелната околина, влијае на основната инсталација.

По завршувањетосо работа во Sandbox, инсталацијата,како и сите фајлови од неа се бришат.

Windows Sandbox ќе им биде достапен на корисниците на Windows 10 Pro и Enterprise верзиите, што е очекувано со оглед на намената и користењето на функцијата. 

Доколку ова е нешто кое ве интересира, односно ви користи во вашата работа, Microsoft ги има сите технички детали и објаснувања во оваа блог објава.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНајлошите лозинки за 2018 остануваат истите како и секоја година
Следна статијаHuawei создаде „Facing Emotions“со кој им помага на слепите лица да ги „видат“ емоциите на другите преку звучни сигнали
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.