Фото: Zac Bowden / Windows Central

Иако едно време се чинеше дека Microsoft ќе застане кај „плочките“ со промените во изгледот на Windows 10, но сепак со претставувањето на Fluent Design покажа дека ќе видиме и други промени во корисничкиот интерфејс.

Fluent Design досега во главно можеше да се види преку воведувањето на проѕирност во одредени делови од корисничкиот интерфејс на апликациите, а мора да се признае дека тоа прави голема разлика во изгледот.

Според тоа што може да се види од слика објавена од Windows Central, која е од Search апликацијата во Windows 10 од тест верзиите за идната година, корисничкиот интерфејс ќе продолжи да се менува.

Ќе се менува во правец којшто веќе одамна е прифатен кај macOS, а може да се види и кај Android изминатите година дена. Се работи за заоблени делови кај прозорите и други елементи од корисничкиот интерфејс.

Со оглед на тоа што Windows веќе одамна има прави агли, оваа промена, без разлика што сега е тренд кај останатите, изгледа одлично и е добредојдено освежување за оперативниот систем.

Windows 10 полека добива нов изглед којшто кога ќе се спореди со неколку години порано, има доволно голема разлика за да се каже дека доволно се менува за да остане во тек со трендовите, но и да го задржи вниманието на корисниците.

Мајската надградба, на пример, донесува нова светла тема, која јас лично мислев дека нема да ми се допаѓа и дека нема нешто посебно да ја користам. Сега, по неколку недели од инсталирањето на оваа верзија, само можам да препорачам да ја пробате.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаЕфектите на 5G интернет врз здравјето: Колку е сериозна работата? (дел 3)
Следна статијаПутин го потпиша законот којшто ќе овозможи независност на Русија од светската интернет мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.