Можеби пуштањето на Windows 10 October 2018 Update наиде на проблеми, па беше паузирано, по што продолжи од оваа недела, меѓутоа развојот на наредната верзија од Windows 10 не запира како и досега.

Наредната верзија од Windows 10 треба да биде пуштена за сите корисници до идната пролет, а како и обично со овој оперативен систем, ги гледаме, а и може да ги тестираме новите функции пред време преку Windows Insider програмата.

Верзијата 18282 беше претставена оваа недела за корисниците кои се вклучени на Fast, односно брзиот круг на надградби, а истата донесува една интересна промена.

Во досегашните верзии беше воведувана темната тема во оперативниот систем, нешто што се повеќе е популарно кај корисниците на сите платформи, па и повеќето апликации се прилагодуваат на трендот.

Сепак, од Microsoft истакнуваат дека одреден број на корисници забележале на тоа дека кога ќе се изберете светла тема во прилагодувањата, промените не се соодветни со името, па голем дел од корисничкиот интерфејс останува темен.

Поради тоа, наредната верзија од Windows 10 ќе има вистинска светла тема. Тоа значи дека кога ќе биде вклучена оваа тема, таскбарот, старт менито и центарот за известувања ќе имаат светла, односно бела боја.

Корисниците ќе имаат и посебен избор во каква боја сакаат да им бидат апликациите, па изборот на овој план во оперативниот систем ќе стане навистина подобар.

Заедно со новата тема, достапна ќе стане и нова позадина која е во основа светла нијанса од стандардната Windows 10 позадина, која одлично се вклопува со новата тема на корисничкиот интерфејс.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаКрипто 101: Мулти-потписи
Следна статијаMotorola Оne веќе е на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.