Windows 10, еве чисто за потсетување, има различен концепт од претходните верзии од овој оперативен систем. Надградби кои носат нови функции има многу почесто, па така наместо на неколку години, тие се пуштаат два пати годишно.

Наредната надградба на Windows 10 треба да стане достапна оваа пролет, а според неофицијалните информации од порталот специјализиран за Windows, Windows Central, датата кога официјално ќе почне пуштањето треба да биде 10ти април.

Како и обично, надградбата прво ќе почне да станува достапна за помал број на корисници, па доколку нема некои проблеми, истата со поголемо темпо ќе продолжи и за останатите.

Инаку, Insider Preview корисниците веќе ја имаат верзијата за која се верува дека ќе биде и официјалната. Според повторно информациите на Windows Central, последниот „build“ со број 17133 е тој којшто ќе им биде понуден на производителите (RTM), по што ќе почне да им се пушта на корисниците како надградба.

Инаку, новините кои ги донесува оваа верзија во главно вклучуваат подобрувања во самата работа на системот, како и неговите апликации, како Edge и Cortana. Исто така, една од поголемите новини е Timeline функцијата која ја прикажува активноста на корисникот на компјутерот со цел лесно да може да се врати и да продолжи каде што има застанато. Оваа функцијата е интегрирана во досегашниот Task View дел преку кој се гледаат активните апликации и се менуваат активните десктоп околини.

Уште една според мене интересна новина е проширување на употребата на Fluent Design на повеќе места. Па така, ефектот е сега достапен на Старт Менито, апликациите од оперативниот систем и слично. Може да ја забележите по проѕирноста на одредени делови од апликациите, како и ефектот при поминување со глувчето.

Иако ние веќе ја користиме оваа верзија од Windows 10, официјалното претставување со сите новини, ќе го почекаме до пуштањето на финалната верзија.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаНаучниците успешно отстранија Алцхајмер од глувче
Следна статијаПет лекции од лично искуство како да си ги вратите парите како потрошувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.