Windows_Product_Family_9-30-Event-741x416

На Microsoft Ignite конференцијата која што се одржа минатата недела еден од вработените во својата презентација го нарече Windows 10 последната верзија од оперативниот систем. Ова иако веќе одреден период се најавува што значи, привлече доста внимание кај доста луѓе. Што точно значи изјавата?

Објаснувањето до некаде може да се најде во Windows Insider програмата, односно во тест верзиите од Windows 10 кои што им се достапни на корисниците преку неа. За разлика од досегашната практика на ретки надградби, освен сигурносните, корисниците сега добиваат редовни надградби кои што вклучуваат разни нови функции.

По пуштањето на официјалната верзија од Windows 10, оваа нова практика треба да продолжи. Тоа значи дека корисниците веќе нема да добиваат нови поголеми надградби на неколку години, со ново име на оперативниот систем. Тие ќе ги добиваат како дел од редовните надградби на системот кои што ќе се случуваат цело време. Се верува дека корисниците ќе имаат можност и да изберат дали сакаат да добиваат надградби побрзо или побавно, како што е сега случајот во тест верзиите.

Ова исто така значи дека и сигурносните надградби веќе нема да се добиваат само еднаш месечно, односно во првиот вторник, како што е сега случајот.

Сето ова значи вовед во Windows како сервис, како што го нарекуваат. Се’ уште не е до крај објаснето што точно ова значи, меѓутоа може да се претпостави до некаде.

Како и да е, корисниците можат да очекуваат почести надградби, а најважно, надградби со нови функции за кои што нема да чекаат повеќе години.

Оваа практика ќе може да се види уште оваа година кога одредени најавени функции на оперативниот систем и некои од неговите апликации, нема веднаш да бидат достапни ова лето. Корисниците постепено ќе ги добиваат до крајот на годината.

Од компанијата веќе најавија дека Windows 10 ќе биде достапен како бесплатна надградба за сите корисници на Windows 7, 8 и 8.1. Надградбата ќе биде бесплатна за првата година, а ова е исто така нешто што треба да биде дополнително разјаснето од страна на Microsoft.

Претходна статијаSoverin – Нов email сервис кој нема да ги продава вашите податоци за реклами
Следна статијаДали SSD дисковите се добри за чување на бекап подолг период?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.