Windows 10 November 2019 Update од оваа недела официјално е достапна за сите корисници. Сите кои сакаат да ја инсталираат ќе треба тоа самите да го побараат, односно самите да направат проверка за надградби во Windows Update, а таа нема самата автоматски да се инсталира.

Според новите правила, дури и кога ќе им биде понудена на корисниците, тие не мора веднаш да ја инсталираат, а можат да продолжат паралелно да ги инсталираат другите надградби кои се достапни во месецот.

За разлика од другите вакви надградби на Windows 10, оваа е прв која скоро и да не донесува некои новини. Промените во главно се направени во позадина, односно корисниците треба да очекуваат подобрување на работата на системот и подобрување на перформансите.

Од тоа што сепак е достапно како новина, ги издвојуваме:

  • Повеќе дигитални асистенти ќе можат да се прикажуваат на екранот кога е заклучен уредот, а не само Cortana
  • Креирањето на настани во календарот ќе може да се прави директно од малиот календар кој се појавува со притискање на часовникот на таскбарот
  • Нови слики во прилагодувањата за известувањата, поточно кај секоја посебна апликација, кои подобро го прикажуваат изборот на корисникот за тоа каде може да се прикажуваат известувањата
  • Листата на апликации во прилагодувањата за известувањата ќе бидат наместени и прикажани според тоа кои се последните апликации кои прикажале известување

Доколку сакате веднаш да ја инсталирате November 2019 Update, тоа можете да го направите со отворање на Settings апликација, па Update & Security > Windows Update, по што треба да притиснете на Check for updates. Кога надградбата ќе ви биде понудена, можете да ја инсталирате со притискање на посебното копче Download and install now.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаSamsung патентира нов OLED екран кој може ќе го видиме кај Galaxy S11 телефоните идната година
Следна статијаApple го претстави MacBook Pro сега со поголем 16 инчен екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.