Пребарувањето во Windows веќе одамна стандардно се прави преку Старт менито, односно во дел наменет за тоа. Во Windows 10 оваа задача ја презема Cortana, па поголем акцент е ставен на можноста за пребарување преку ставање на посебна икона за таа цел на долната лента, односно на taskbar-от.

Мора да се признае дека пребарувањето во Windows е многу подобро по интеграцијата со Cortana, а посебно поради можноста да се пребарува и на интернет, а не само на локалниот диск.

Во најновите Insider Preview верзии од Windows 10, односно тие што почнаа да ги пуштаат по Fall Creators Update откриваат една нова мала „тајна“ поврзана со пребарувањето.

Пребарувањето наместо во долниот лев агол, најверојатно ќе биде преместено во посебен дел во центарот на екранот. Наједноставно да се опише новиот систем е со споредба со Spotlight во macOS од Apple.

Корисниците ќе имаат посебна лента која ќе се појавува во средината од екранот, а прикажувањето на резултатите ќе се прикажува во исто така посебно прилагоден прозор на истото место.

Според мене ова е многу подобро решение од сегашното, посебно поради можност за пребарување и на интернет. Формата во која ги прикажува резултатите Cortana едноставно не е толку добра на компјутерите, па посебно за таа цел наменет прозорец ќе придонесе до доста подобро корисничко искуство, а сигурно и да поголема популарност на функцијата.

Извор и фото: ArsTechnica

Претходна статијаFacebook Messenger доби поддршка за споделување на слики во 4К резолуција
Следна статијаGalaxy S9 и S9+ ќе бидат претставени на CES во јануари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.