Lumia-950-and-XL-940x470

За жал и оваа информација не е официјална, односно е уште една од многуте досега кои потоа се покажаа или како неточни или Microsoft се имаше решавано да ја одложи надградбата.

Последната информација најавуваше почеток на процесот на надградба од 29-ти февруари, меѓутоа како што видовме, тоа не се случи. Потоа, дојде информација од Vodafone Италија кои објавија цела листа на Lumia модели со дата кога ќе ја добијат Windows 10 надградбата.

Најновата информација доаѓа од Еван Блас, познатиот @evleaks кој сега пишува за порталот Venture Beat. Тој има дојдено до комуникација од Microsoft до партнерите на кои им се најавува дека надградбата ќе започне од овој месец. Точна дата не е истакната, па останува да видиме дали ова ќе биде последната шпекулација околу оваа тема.

Надградбата не постарите Lumia модели се очекува да започне по пуштањето на мартовската сервисна надградба за Lumia 950 моделите кои веќе работат на Windows 10.

Надградбата на почеток ќе биде достапна доколку корисниците самите проверат во Phone Update, но подоцна се очекува потсетување кое ќе биде почесто.

Вчерашното пуштање на бета верзијата од Instagram дефинитивно може да се поврзе со крајот на развојот на Windows 10, односно конечното пуштање на финалната верзија кога се очекува значително зголемување на процентот на корисници на оваа платформа.

Повторно би препорачале нестрпливите корисници да ја инсталираат Windows Insider верзијата од Windows 10 Mobile која е веќе доволно стабилна за секојдневно користење, а проблемите коишто потенцијално би се појавиле се минимални.

Извор: VB, Neowin

Претходна статијаClaxi со нова и подобрена верзија
Следна статијаДостапна 45-та верзија од Mozilla Firefox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.