Нешто подоцна за разлика од минатите години, Windows 10 ја добива својата најнова надградба, прва за оваа година од двете годишни поголеми надградби. Корисниците кои сакаа порано да ја инсталираат Windows 10 May 2019 Update тоа можеа да го направат преку приклучување на Release Preview кругот пред еден месец, секако доколку не сакаа уште порано да ги инсталираат сите тест верзии.

Microsoft најави дека поради проблемите кои порано се јавуваа при надградбите, оваа надградба ќе ја остави нешто подолго во Preview кругот, а официјалното пуштање за сите го најави за мај.

Почнувајќи од вчера, Windows 10 May 2019 Update станува достапна за сите корисници. Заинтересираните можат веднаш да ја инсталираат преку проверка за надградби во Windows Updates. За разлика од порано, надградбата ќе се појави како можност, па ќе се симне само доколку корисниците притиснат на Download and install now.

Сепак, од Microsoft најавуваат дека пуштањето ќе оди постепено за сите корисници, па надградбата нема да се појави како можност кај сите корисници. Тие што не сакаат да чекаат, можат да се упатат на овој линк и да изберат една од двете можности за инсталација, односно директна надградба или алатка за креирање на USB.

Од Microsoft исто така најавија дека до крајот на годината, поточно ноември, ќе истече поддршката за постарите верзии од Windows 10, па корисниците коишто уште се на ланската априлска верзија од оперативниот систем ќе почнат да бидат автоматски надградувани на најновата верзија од ова лето.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.