Иако Windows 10 верзиите кои стануваат достапни во првата половина од годината ја носат ознаката xx03, во овој случај 1903, тие сепак досега беа пуштани во април.

Оваа година првата од двете годишни верзии од Windows 10, ќе биде пуштена за корисниците од мај, што е најкасно досега, а е резултат на појавата на проблеми од минатата година, како и реакциите и барањата на корисниците.

Официјалното име на оваа верзија, како што би се очекувало, е Windows 10 May 2019 Update, а со себе донесува и позначајни промени во начинот на којшто ќе се инсталираат надградбите отсега.

Главната промена е што корисниците нема да мораат веднаш да ја инсталираат достапната надградба, а ќе можат да продолжат да ги добиваат месечните безбедносни и надградби за квалитет.

Во Windows Update сега ќе стои посебно известување кога ќе биде достапна нова поголема надградба, односно надградба со функционални промени, па корисниците ќе можат самите да одлучат кога ќе сакаат да ја инсталираат. За таа цел ќе биде достапно копчето „Download and install now“.

Единствена ситуација кога надградбата би се инсталирала автоматски е кога моменталната верзија од Windows 10 која ја користи корисникот е при крај со поддршка.

Друга новина е што корисниците ќе можат да ги одложат надградбите кои се достапни и веќе симнати, да се инсталираат, до 35 денови, односно 5 пати на секоја недела. Во ова правило влегуваат поголеми надградби и тие за квалитет, а очекувано нема да може да се одложат безбедносните надградби.

Со цел надградбите да не го нарушуваат работењето на корисникот, тие сега може да се избере да се инсталираат во време кога самиот Windows 10 ќе процени дека корисникот обично не го користи компјутерот. Овој начин ќе функционира со помош на машинско учење кое ќе го проценува начинот на користење на компјутерот од страна на корисникот.

Фактот што Windows 10 May 2019 Update ќе дојде скоро цел месец подоцна, овозможува од Microsoft да ја тестираат верзијата нешто подолго од обично пред да им биде понудена на корисниците.

Windows 10 May 2019 Update ќе им стане достапна на корисниците во формата која треба во мај да им биде достапна на сите, од идната недела, преку Windows Insider програмата, поточно преку Release Preview каналот.

Release Preview каналот е посигурен и побавен од Fast и Slow каналите, а на корисниците им ја пушта најновата надградба кога истата е спремна за сите, но е уште во фаза на последни тестирања.

Microsoft исто така најави дека ќе овозможи преглед на состојбата на надградбите преку посебна страна, со што корисниците ќе бидат информирани за сите можни проблеми кои се имаат јавено, пред да решат да ја инсталираат истата на својот компјутер.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаVerizon почна да ја пушта својата 5G мрежа, а еве ги брзините преку истата
Следна статијаGoogle Pixel 3a и 3a XL се „lite“ верзиите од Pixel телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.