За разлика од корисниците на Apple, тие на Microsoft имаат нешто посложен процес за повторно инсталирање на Windows 10 доколку нешто не е во ред со системот. Тие во главно мораат да го симнат системот на некаков медиум, по што би ја направиле инсталацијата.

Овој процес е значително олеснат со изминатите неколку верзии од Windows 10 поради можноста системот да се ресетира без потреба од симнување од интернет и креирање на пример, на USB стикче.

Сепак, верзијата која ќе се инсталира повторно е верзијата која веќе била инсталирана, а доколку Windows 10 има понова верзија, корисникот ќе мора подоцна да ја инсталира преку надградба, што додава уште време на целиот процес.

Според информациите кои Microsoft ги најавува за верзијата од Windows 10 за идната година, корисниците ќе добијат уште една можност за повторно инсталирање на системот, а ова посебно ќе се најде како корисно доколку системот и воопшто не може да се стартува.

Корисниците ќе можат да изберат Windows 10 да се инсталира преку „облакот“ со што ќе се симне најновата верзија од оперативниот систем и истата да се инсталира. Со ова тие нема да мора да посебно ја симнуваат најновата верзија од Windows 10 и да креираат посебен медиум за инсталација.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.