Иако ова можеше да се „насети“ и нешто порано, сепак од оваа недела е јасно дека Windows 10 оваа година веќе нема да добие некои посебни новини и функции. Наредната надградба, втора за годината која обично носи нови функции, оваа година ќе биде наменета во главно за подобрување на перформансите, а и ќе се инсталира како обична месечна надградба.

Тоа е и причината зошто верзијата за идната година веќе неколку месеци се тестира, односно им е достапна на Insider корисниците, додека таа за оваа година уште не е. Првата надградба за идната година ќе треба да донесе доста новини за да надомести за „пропустот“ од оваа година.

Со оглед на тоа што развојот на таа верзија полека ќе почне да се засилува, ќе почнеме и полека да ги гледаме новините кои се планирани. Една од нив стана достапна оваа недела со најновата Insider верзија.

Главната новина која е достапна во оваа Insider верзија е системот за известувања. Тој моментално е прилично едноставен, барем кога се во прашање прилагодувањата. Корисниците можат да го вклучат и исклучат, а може да изберат и посебно која апликација ќе може да прикажува известувања.

Од идната година, прво можноста да се дојде до прилагодувањата ќе биде полесна. Ќе им посебен линк во самиот центар за известувања, а ќе може да се дојде до прилагодувањата од секое известување кое ќе се прикаже од одредена апликација.

Можноста за прилагодувања кај секоја посебна апликација е и главната новина. Notification Visualizer е нов дел во прилагодувањата кој ќе овозможи да се избере дали одредена апликација може да прикажува банери за известувања или тие да се појават само во центарот за известувања. Се разбира, тука е стандардната можност известувањата целосно да бидат исклучени.

Тука е и можноста да се избере колку известувања да се прикажат во центарот за известувања од конкретната апликација, а ќе може да се избере и нејзиниот приоритет.

За полесно исклучување на можноста некоја апликација да може да пушта известувања, сега листата на апликации може да се подреди според повеќе критериуми, односно може да се подреди според тоа кои апликации последни имаат пуштено нотификација.

Windows 10 изгледа дека сепак идната година ќе има доволно новини за да може да се оправда тоа што оваа година само една од двете надградби доаѓа со подобрувања и функции.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаМузичко лето со Huawei P30 и водоотпорниот Soundstone Speaker
Следна статијаЏони Ајв подолго време не бил задоволен во Apple што резултираше со неговото излегување од компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.