Според податоците со кои располага NetMarketShare, популарноста на последното издание на Windows, Windows 10, е во благ пад во последно време. Податоците за февруари и март се поразителни, што покажува дека интересот за популарната „10ка“ полека стивнува.

Меѓутоа, бројките кои фигурираат на пазарот претставуваат сосема различна слика од она што фактички се случува, односно популарноста кај корисниците кои веќе го имаат својот нов Windows. Но, и тука Microsoft забележува нешто помалку парадоксално, односно недостатокот на интерес за најновото издание на Windows оди на сметка на неговиот предок, уште попопуларната „7ца“.

Според податоците кои самата компанија Microsoft ги објави, а се однесуваат на периодот до февруари годинава, последното издание на Windows има удел од 47% од вкупниот број на корисници, додека 7-цата има солидни 38%. На скалата дефинитивно најлошо котира Windows 8 и неговиот „близнак“ Windows 8.1, со само 2, односно 12%.

Во последните 3 месеци варијациите на побарувачката сугерираат дека всушност најстариот во конкуренцијата, Windows 7 се покажува како најбаран иако се наоѓа како втор на листата. Во предвид мора да се земе периодот кој е поминат од неговата примарна промоција како и новитетите кои ги нудат неговите наследници. По толку голем временски период и толку промени на полето на софтверските решенија и технологијата генерално, 7ката и понатаму одржува стабилно место, па дури и надвор од рамките на Microsoft.

Корисниците на Windows оперативните системи се некако научени да добиваат квалитетен производ на секои две генерации, па дури слободно може да се рече дека тоа е своевидна традиција кај Microsoft, на секој добар оперативен систем, наследникот да биде комплетна катастрофа, како што е случајот со непопуларната 8ка.

Извор: BetaNews

Претходна статијаНаскоро смартфоните ќе бидат заменети со други технологии, како проширена и виртуелна реалност
Следна статијаGoogle тестира „читач на мисли“