Слика: ZDNet
Слика: ZDNet
Слика: ZDNet

Windows 10 за првпат беше претставен на крајот од Септември, по што стана достапна тест верзија наречена Technical Preview. Иако поради тоа може да се помисли дека финалната верзија треба да биде достапна прилично брзо, сепак уште од неговата најава како најрана дата беше најавена идната пролет после Build 2015 конференцијата која што треба да се одржи на крајот од Април.

Со оваа верзија Microsoft применува различен пристап кој што многу повеќе ги вклучува мислењата на корисниците. За таа намена претставена е Windows Insider програмата преку која што корисниците можат да ги даваат своите забелешки и предлози за оперативниот систем. Поради тоа системот е достапен за програмерите и напредните корисници уште во оваа рана фаза од развојот, па достапноста е најавена за идната година.

На почетокот од идната година, поточно на крајот од Јануари се очекуваат повеќе информации околу развојот на корисничкиот дел од Windows 10, како и тоа како тој ќе изгледа и функционира на мобилните уреди и таблет компјутерите. За тогаш се очекува и претставување на верзија од оперативниот систем доволно стабилна за користење од обичните корисници, меѓутоа тоа не е баш сигурно.

Изминатата недела главниот оперативен директор на Microsoft на конференција во Аризона објави дека планот за Windows 10 настан во Април останува. Исто така тој има истакнато дека developer preview верзија може да се очекува на почетокот од идното лето, а официјалната и финална верзија од системот треба да биде готова до крајот на летото или почетокот на есента.

Извор: ZDNet

Претходна статијаИлјадници документи од Алберт Ајнштајн достапни за сите онлајн
Следна статијаYouTube на Android на ред за Material дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.