Microsoft

Иако „Copy“ и „Paste“ командите во Windows се едни од наједноставните, но и најмногу користените во работата со системот, тие немаат добиено никаква надградба на нивната функционалност, па, никогаш.

Оваа функцијата е наједноставна што може. Копираме нешто во системот, па потоа со командата „Ctrl+V“ или со притискање на „Paste“ во контекстуалното мени на оперативниот, тоа што е копирано се префрла на другата позиција која сме ја избрале. Оваа функција нема никакважи додатни можност.

Колку често ни се има случено да копираме нешто, па во меѓувреме и нешто друго, за да подоцна повторно ни треба првата копирана работа. Тоа значи дека повторно ќе треба да го отвориме текстот, веб страната, сликата и слично и повторно да ја копираме.

Конечно, оваа функција во Windows 10 ќе добие надградба, па ќе нуди нешто повеќе можности. Новините ќе бидат дел од наредната поголема надградба на оперативниот систем која ќе стане достапна за сите корисници од оваа есен. Моментално е достапна во тест верзиите од Windows 10 Insider Preview програмата, па сите заинтересирани можат да ја пробаат, заедно со другите новини.

Инаку, Clipboard ќе добие посебен дел во Settings менито, поточно во делот System, каде што се прилагодувањата за екранот, звуците, известувањата и слично. Во овој дел ќе може да се вклучи опцијата за зачувување на повеќе работи во clipboard, односно при притискање на Copy, да се зачуваат повеќе работи, а не само последната.

Microsoft

Пренесување на последно копираната работа ќе остане исто, а сега ќе ја има и можност да се видат и претходните. До листата ќе се доаѓа преку притискање на командата WinKey+V, а во оваа листа ќе може да се „закачат“ одредени копирани работи за полесно доаѓање до нив. Ова е корисно доколку одредена работа често ја копираме, па да нема потреба секој ден повторно да го отвораме документот, страната или каде и да се наоѓа тоа што сакаме да го копираме.

Во листата ќе може да се прикажат копирани работи како обичен текст, HTML текст и слики, до 1 мегабајт во големина.

Листата со копирани работи ќе може исто така да се синхронизира со „облакот“, па копираните работи да може да се пренесат и на друг уред кој е поврзан со Microsoft сметката. Тоа значи дека ќе може да се копираат работи помеѓу повеќе компјутери, како и мобилни уреди.

Моментално ограничувањето на големината на копираните работи за синхронизација со облакот е 100 килобајти. Ова е доволно за намената на Clipboard, односно не е замислено како начин да се префрлуваат фајлови и слики со поголема големина.

ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаSkyrider 2.0 е авионско седиште на кое патниците ќе седат во скоро стоечка позиција
Следна статијаОткриени нови пропусти во процесорите слични на Spectre и Meltdown
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.