windows-10-screenshot-1

Microsoft закажа настан кој што ќе се одржи на 21-ви Јануари и на него се очекува да бидат прикажани повеќе нови функции кои што треба да бидат дел од Windows 10. Под нови функции се мисли на функции наменети за обичните корисници, нешто што не е многу покажано во Technical Preview верзијата која што е достапна моментално.

Како што веќе се научивме да очекуваме, предвреме ќе можеме да видиме барем дел од работите кои што ќе бидат претставени на настанот идниот месец. После пуштањето на последната надградба за оваа година на Windows 10, „протекоа“ неколку нови верзии за кои што интересно од Microsoft изјавија дека не им смета што корисниците ги симнуваат од торент сајтови и слично.

Најновата верзија (build) која што е неофицијално достапна е 9901 и истата вклучува функции за кои што се верува дека ќе бидат претставени на настанот идниот месец, а се надеваме дека сепак ќе остане и нешто повеќе за покажување од страна на Microsoft.

Како и обично, Winbeta, познатиот портал кој што ги следи случувањата од Microsoft, направи кратко демо од оваа најнова верзија и истото можете да го погледнете на крајот од оваа статија.

Од видеото се гледаат неколку промени од кои што полека може да се добие претстава за тоа како ќе изгледа Windows 10 кога ќе биде готов. Сепак со оглед на тоа што финалната верзија се најавува за идната есен, може слободно да очекуваме уште доста промени и новини до тогаш.

Неколку од работите кои што се прикажани во видеото ги вклучуваат следните:

  • Промени во taskbar-от. Значително е намалена транспарентноста, бојата која што е прилагодена на избраната боја за системот е потемна
  • Cortana е дел од оперативниот систем и е дел од taskbar-от. Стандардно копчето за пребарување е заменето со лента за пребарување која што стои до Start копчето. Преку менито може да се избере пребарувањето, односно Cortana да бидат прикажани како копче или целосно да бидат сокриени
  • За разлика од претходните верзии, Cortana сега е повеќе функционална и се гледа дека ќе биде направена како на Windows Phone. Тоа се гледа од форматот на прозорот во кој што е прикажана, како и достапните прилагодувања кои што се истите од Windows Phone
  • Повеќе нови апликации кои што се во бета верзија, односно постоечки апликации кои што се променети
  • Една од позначајните променети апликации е продавницата за апликации која што добива целосен редизајн и вклучување на продавниците за музика, филмови и слично
  • Дополнителни промени на корисничкиот интерфејс и анимациите кои што се користат

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.