Windows 10 за ARM инсталиран и работи на Lumia 950 XL

Можеби иднината на Windows 10 сепак вклучува и мобилни уреди

Microsoft ја објави датата кога официјално ќе престане да го поддржува Windows 10 Mobile и со тоа става крај на нивните обиди на овој дел од пазарот.

Тоа така барем изгледа кога ќе се види се што прават од компанијата изминатите години, меѓутоа кога ќе се земе во предвид дека Windows 10 е прилагоден да работи на мобилните, ARM процесори, сепак останува можноста Microsoft некогаш да се вратат на пазарот на мобилни.

Дека Windows 10 одлично би работел на мобилните може да се види и од видеото погоре. Windows 10, oдносно ARM прилагодената верзија работи на стариот и тогаш одличен Lumia 950 XL.

Windows 10 за ARM е замислен да работи на мали лаптоп и таблет компјутери кои ќе бидат „секогаш вклучени“, меѓутоа никогаш не може да се исклучи можноста да го видиме и на некој хибриден уред, како Andromeda, на пример.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаНови слики целосно ги прикажуваат Galaxy S10 и Galaxy S10+
Следна статијаHuawei го претстави својот прв 5G уред – 5G CPE Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.