webcam-icon-3 copy

Големата Anniversary надградба за Windows 10 оперативниот систем донесе неколку важни подобрувања, но и неколку проблеми, од кои најголем е веројатно оној со веб камерите.

Имено, голем дел на корисниците се жалат дека нивните камери замрзнуваат неколку секунди после вклучувањето (како на пример при повик на Skype). Ова значи дека нивните камери се автоматски бескорисни со оваа надградба (ние подолу имаме решение). Windows Camera тимот од Microsoft веќе работи на проблемот, но првата надградба која ќе делумно го реши се очекува дури за септември, додека за втората надградба која треба да го поправи проблемот со сите камери, треба да се почека малку подолго време.

Но, што е причината за проблемот кај камерите? Многу камери денес користат MJPEG и H.264 кодеци за видео стримот кој го пуштаат, кои поради тоа прават проблеми со забавување на стримот, особено од страната на серверите. Ова е и главната причина зошто Microsoft се одлучи да не ги поддржи, делумно знаејќи за последиците кои следуваат. Сепак, според нивните изјави, тие биле изненадени од големиот број на корисници со такви камери. Anniversary надградбата инаку ги поддржува NV12 и YUY2 кодеците, кои се користат во поновите веб камери и со кои корисниците немаат никаков проблем.

Првата наредна надградба за компјутерите, која ќе пристигне во септември ќе го реши проблемот само со камерите со MJPEG кодек, додека во иднина се очекува да се реши проблемот и со H.264 кодекот.

sso4duvaszcbvulbrlmu copy

Доколку сте нетрпеливи, односно редовно ја користите вашата веб камера, еве и брзо и лесно решение со кое ќе можете да го решите проблемот со замрзнувањето на сликата:
1.    Кликнете на “Start” копчето и напишете “regedit” (без извичниците)
2.    Отидете до HKEY_LOCAL_MACHINE\SOFTWARE\Microsoft\Windows Media Foundation\Platform
3.    Кликнете со десен клик на Platform Folder и кликнете на New > DWORD. Именувајте го “EnableFrameServerMode”
4.    Потоа кликнете со десен клик на него и кликнете “Modify”
5.    Внесете “0” во полето
6.    Потоа отидете до HKEY_LOCAL_MACHINE\SOFTWARE\WOW6432Node\Microsoft\Windows Media Foundation\Platform и повторете ја постапката од 3-5

Извор: Engadget, Life Hacker, ARS Technica

Претходна статијаHuawei G9 Plus е 5,5 инчен смартфон со високи перформанси и прилично ниска цена
Следна статијаNASA ќе ги направи сите свои истражувања достапни бесплатно и онлајн