Microsoft

Еден од главните предизвици при пуштањето на нова верзија на Windows 10, а ова важи и за било кој друг масовно користен софтвер, е осигурувањето дека корисниците кои ја добиваат новата верзија, ќе имаат што помалку проблеми при инсталација на истата, односно дека ќе немаат воопшто проблеми.

За да ја постигне оваа цел најдобро и најбрзо што може, Microsoft започна со користење на систем помогнат од вештачка интелигенција за пуштање на новите верзии од Windows 10. Вештачката интелигенција ги искористува информациите кои се собираат од оперативниот систем кај корисниците, па врз основа на тие информации проценува кои уреди имаат најголема шанса да имаат процес на надградба без воопшто или минимално проблеми.

Овој систем за првпат од компанијата го тестираат на Fall Creators Update кој стана достапен минатата есен, а April 2018 Update е првата надградба во која масовно се користи. Резултатот на тоа е рекордно време, скоро два пати пократко од лани, во кое бројот на надградени уреди изнесува 250 милиони од скоро 700 милиони активни корисници на Windows 10.

Windows 10 April 2018 Update почна да станува достапна од крајот на април, што значи дека бројката од 250 милиони надградени уреди е постигната за помалку од 2 месеци. Од компанијата исто така истакнуваат дека надградбата сега официјално е пуштена за сите останати корисници.

Пример за тоа како вештачката интелигенција може да направи разлика во процесот на надградби е проблемот којшто се јави при надградбата на April 2018 Update. Поточно, кај одреден број на корисниците се има појавувано црн екран после надградбата. Вештачката интелигенција многу побрзо успева да го открие причинителот на проблемот, односно во првите 24 часа, па надградбата се стопира кај корисниците кои може да го имаат истиот проблем. Со тоа се спречува поголем број на корисниците да го имаат проблемот, а Microsoft може брзо да го реши и да продолжи со надградбата.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаMicrosoft конечно ја донесува нивната SwiftKey на Windows 10 уредите
Следна статијаОтворена првата “Галерија на отворено” – ГРАДОТ УБАВ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.