Windows 10 добива по две поголеми надградби годишно, надградби кои донесуваат нови функции кои не се дел од стандардните сигурносни надградби кои ги има секој месец.

Наредната поголема ваква надградба треба да стане официјално достапна оваа пролет, а ќе ја носи верзијата 1903. Покрај другите промени, оваа верзија од Windows 10 ќе донесе и промена на начинот на којшто оперативниот систем се “справува” со слободниот простор на дискот од компјутерот.

Причината за промената на третирањето на слободниот простор е поради ситуациите кога корисниците немаат доволно простор за да биде инсталирана одредена надградба, меѓутоа и за нормално функционирање на одредени апликации и системски сервиси.

За да не дојде до снемување на простор и потреба од корисникот рачно да брише одредени податоци, Windows 10 ќе почне да резервира простор од дискот којшто нема да може да се користи од страна на корисникот.

Овој резервиран простор којшто треба да биде со големина од 7 GB, ќе чува на него работи како симнати податоци за надградби, привремени податоци, како и кеширани податоци. Ова се податоци кои и сега се чуваат на дискот, само што сега Windows 10 ќе ги чува во специјално резервиран простор за тоа, простор којшто секогаш ќе биде слободен за потребите на системот.

Доколку при надградба на системот има недостиг од простор, оперативниот систем автоматски ќе ги избрише податоците од резервираниот простор и со тоа корисникот нема да има потреба да прави ништо.

Големината на просторот ќе може да ја бира корисникот, меѓутоа нема да може да ја направи да биде 0. Исто така, доколку се процени дека е потребен поголем простор, можно е резервирање и на повеќе од 7 GB.

Ова е можеби добра одлука од страна на Microsoft која што ќе подобри доста работи во функционирањето на оперативниот систем.

Единствениот проблем се јавува само кај корисниците на уреди со многу мал простор, па не сум сигурен како Microsoft во исто време сака да го промовира користењето на “слаби” уреди со Windows 10, а ќе почне малиот простор и така достапен кај овие уреди, да го направи уште помал.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаAMD ја претстави наредната генерација на графички картички кои треба да им конкурираат на најновите од Nvidia
Следна статијаМаск го покажа „Starship“ – првата тест верзија од леталото кое треба да се користи за мисии на Месечината и Марс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.