Минатата недела, поточно минатиот вторник беше неофицијално најавуван како денот кога Microsoft ќе ја пушти наредната поголема надградба за Windows 10. Неофицијално нарекувана Spring Creators Update е дел од двете годишни поголеми надградби кои обично се пуштаат во пролет и есен.

Информациите говореа дека причината за одложување на надградбата е некаков „баг“, меѓутоа никој не знаеше да каже дали навистина тоа е случајот и за каков баг се работи.

Со потврда дека верзијата од Windows 10 која се веруваше дека е финалната има проблеми, излезе и Microsoft преку нивниот блог. Во него се истакнува дека верзијата 17133 имала проблем со стабилноста на системот со што биле можни почести појави на познатиот „Син екран на смртта“ (BSOD).

Проблемот со тој баг е среден и новата 17134 верзија е пуштена за тестирање, па ако повторно нема проблеми, ова ќе биде финалната верзија која ќе им биде пуштена на сите корисници.

Како што се истакнува во блог објавата, оваа верзија сега е достапна за корисниците на Windows Insider Preview програмата, односно за тие приклучени на Fast редот. Потоа верзијата ќе им стане достапна на тестирачите од Slow, па Release Preview редот, по што може да се очекува пуштање за сите корисници.

Со оглед на тоа која дата сме, официјалното пуштање на надградбата може да се очекува најрано на крајот од месецот, а најверојатно и во мај.

Инаку, оваа надградба досега неофицијално се нарекуваше Spring Creators Update, но нови информации покажуваат дека истата можеби ќе биде официјално наречена Windows 10 April 2018 Update. Ова име се споменува во официјална презентација од Microsoft, па веруваме дека тоа е името за кое се имаат решено.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаВовед: Како започнува крипто приказната (дел 1)
Следна статијаСофт Скилс Академија Скопје организира бесплатни обуки за сите студенти од Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.