Microsoft

Поради најавата на Microsoft дека во првите 3 години од официјалното пуштање на Windows 10, системот ќе работи на 1 милијарда уреди, денес уште ги броиме уредите и го следиме напредокот на овој оперативен систем.

Едно време најмногу популарен, во денешно време ова тврдење е малку повеќе релативно. Кога се во прашање десктоп компјутерите, Windows останува системот број 1, но мнозинството корисници во денешно време ги прават повеќето од своите дневни интернет работи преку мобилните уреди, каде Android и iOS се главните, а Microsoft ја откажа својата мобилна верзија од Windows 10.

Како и да е, Windows 10 сепак ќе успее да стигне до саканата бројка од 1 милијарда уреди, а овој систем стигна уште поблиску со поминување на бројката од 900 милиони уреди кои работат на Windows 10. Целта не се успеа да биде постигната за 3 години, но изгледа тоа ќе се случи на 5 години од претставувањето.

Во оваа бројка секако влегуваат сите уреди на кои може да се инсталира Windows 10, а мора да се истакне дека доколку Windows 10 за мобилните не беше откажан и имаше подобар успех, оваа бројка досега сигурно ќе беше постигната.

Од Microsoft истакнуваат дека последните 100 милиони корисници ги имаат постигнато во досега најкратко време. Ова сигурно може да се препише на крајот на поддршката на Windows 7, досега најпопуларниот десктоп оперативен систем.

Windows 7 веќе нема да има поддршка од јануари идната година, по што на корисниците им се препорачува да инсталираат понова и поддржана верзија од Windows, а таа сигурно нема да биде Windows 8.

Растот на бројката на Windows 10 уреди доведе и до тоа да овој систем конечно го помине Windows 7 и стане оперативниот систем број 1 во светот, за десктоп компјутери. Ова беше тешка работа најмногу поради големиот број на корисници, не само бизнис, кои одбиваа да се „откажат“ од Windows 7.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРедизајнираниот Galaxy Fold повторно има пријави за проблеми со екранот
Следна статијаОфицијално претставен OnePlus 7T – третиот телефон од компанијата за оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.