Microsoft

Windows 10, оперативниот систем од Microsoft којшто требаше да има 1 милијарда активни корисници до минатата година, сепак тоа не успеа да го оствари. Од компанијата сфатија дека бројката нема да може да се постигне според планираното уште во првата година од најавата, па можеби и ова не треба да се смета како неуспех.

Главната причина за промената на очекувањата, односно за неможноста да се стигне до бројката од 1 милијарда порано, во главно може да се најде во неуспехот на мобилната верзија од Windows 10. Доколку мобилните обиди на Microsoft не застанаа и бројката на уреди и корисници продолжеше да расне, приказната ќе беше друга.

Тука секако како фактор треба да се земе и огромната бројка на „верни“ корисници на Windows 7, оперативен систем кој само до пред некој месец беше број 1 во светот.

Сепак, Windows 10 продолжува да ја зголемува бројка на активни корисници, па истата сега е стигната до 800 милиони, што претставува зголемување од околу 100 милиони од минатата година.

Бројката можеби ќе порасне и нешто повеќе од стандардното оваа година, со оглед на тоа што Windows 7 веќе нема да има поддршка, односно до почетокот на идната годината овој оперативен систем може да се каже дека ќе „заврши“ со својата стандардна функција.

Според мене, голем фактор во популарноста на Windows 10 играат хибридните уреди кои станаа популарни по успехот на Surface линијата од Microsoft. Вакви уреди сега претставуваат повеќето од производителите на Windows уреди, па уште да се „поработи“ посериозно на Microsoft Store продавницата за апликации, ситуацијата би била многу подобра.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаTwttr е нова апликација од Twitter преку која ќе се тестираат промени во друштвената мрежа
Следна статијаНеовластено откривање на лични податоци – случај од пракса
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.