Видео од Android верзија која работи на Nokia телефон без екран на допир го покажува откажаниот систем од Google

Google се има откажано од развој на верзија на Android за овие „едноставни“ телефони, а ова е една од тест верзиите додека уште се работело на нив

Иако ретко кој од нас уште користи, а ги има и нови модели, телефоните без екран на допир, кои не влегуваат во категоријата на смартфони, мора да се признае дека достапноста на подобар оперативен систем за нив не би била лоша работа.

Google изгледа има работено на прилагодување на посебна верзија од Android која би работела на ваквите телефони, но според информациите, тој план е откажан уште пред да официјално се дознае за него.

До претпоставката дека Google работи на вакво нешто се доаѓа по откривањето на код во Chrome кој укажува на можност за работа на прелистувачот на уреди без екран на допир.

Изгледа дека Google има отидено нешто подалеку од почеток на прилагодување само на Chrome, па била направена целата верзија од Android која работи на „непаметните“ уреди.

Колку е ова точно не ни е познато, но од тоа што може да се види на видеото, сигурно изгледа како да е направено од Google.

Во видеото се гледа Nokia телефон на којшто на главниот екран може да се отвори Google Assistant. Достапни се и апликации како Chrome, YouTube, Google Maps и други, а може да се види и листа со апликации прилагодена за малите екрани.

Верзијата од Android на која работи овој уред се гледа во видеото дека е Android 8, што укажува и на времето кога е работено на овој проект.

Според неофицијалните информации, Google се има откажано од прилагодување на Android за овие уреди поради тоа што повеќе им се исплатело да инвестираат во KaiOS, оперативен систем којшто е направен на основа на откажаниот Firefox OS.

Видеото е на почетокот на статијата и е прилично интересно.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung го претстави најмалиот сензор за камери за мобилните овозможувајќи уреди со модерен дизајн
Следна статијаFacebook тестира криење на бројот на лајкови и реакции на објавите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.