ubuntu-takeover-image

Според извори на порталот ZDNet, Microsoft и Canonical соработуваат за овозможување познатата Linux дистрибуција Ubuntu да работи на Windows 10. Оваа можност треба да биде најавена денес на Microsoft Build 2016 конференцијата.

Можноста Ubuntu да работи на Windows 10 нема да биде наменета за обичните корисници, односно се верува дека не би требало да биде овозможен ни Unity корисничкиот интерфејс.

Намената во главно ќе биде за програмерите кои ќе можат да тестираат одредени функции и апликации директно од оперативниот систем на Microsoft. Работата на Ubuntu нема да биде овозможена преку виртуелна машина, туку се верува дека овој оперативен систем ќе биде интегриран директно во кодот на Windows 10.

Во кодот на поновите Insider верзии од Windows 10 веќе се забележани подсистеми за кои се верува дека се за Linux. Ваквите подсистеми се користат и за овозможување на таканаречените „мостови“ кои им овозможуваат на програмерите пренесување на нивните iOS или други апликации на Windows.

Според одредени коментари ваквите подсистеми одамна постојат во Windows, меѓутоа сега е можно да бидат откриени.

Како и да е, Microsoft под водство на Сатја Надела покажува целосно различен однос кон Linux заедницата, па не ретко можеме да прочитаме за некаква соработка.

Извор: ZDNet, Winbeta

Претходна статијаWindows 10 наскоро ќе има “Handoff” функција како во OS X ?
Следна статијаMicrosoft Build 2016 започнува за неколку часа – како да го следите настанот во живо
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.