ubuntu-13-10

Од денеска официјално е достапна новата верзија на Ubuntu, 13.10, наречена Saucy Salamander. Истата можете да ја симнете од Ubuntu или доколку веќе го користите овој оперативен систем да направите надградба преку Software Updater.

Ова не е голема надградба и не донесува некои големи промени и новости. Исто така употребата на Mir Display Server е одложена за идната година. Оваа верзија во главно донесува подобрување на перформансите, како и ефикасноста при трошењето на батеријата и меморијата. Најголема новина е воведувањето на Smart Scopes, функција во Dash која служи за пребарување од повеќе интернет извори. Промена има во интерфејсот на File Explorer-от, кој што е направен да се вклопи повеќе со остатокот со корисничкиот интерфејс. Направени се надградби на најновите верзии на сите вградени апликации, како Firefox, Thunderbird, Libre Office. Исто така на располагање се нови позадини за десктопот.

unity-smart-scopres

ubuntu-file-ex

Во продолжение можете да го погледнете видеото од OMGUbuntu за што е ново во Ubuntu 13.10.

Симнете го Ubuntu 13.10, кликнете на сликата.

ubuntu-download

 

Претходна статијаSamsung е можно да воведе безжично полнење од далечина
Следна статијаMicrosoft ја објави Remote Desktop за Android и iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.