Без разлика на големата популарност на мобилните оперативни системи, сепак Windows 10, но и за жал некои од постарите верзии од овој оперативен систем, се’ уште држат голем дел од пазарот. Десктоп, односно лаптоп компјутерите, нема уште долго време да бидат целосно заменети од мобилните уреди, а и кога тоа ќе се случи, сигурно ќе се работи за некаков хибриден систем, како што во основа и се обидува да развие Microsoft.

Кога се во прашање образовните институции пак, Google со нивните Chromebook лаптопи, има најголем успех, а тоа се должи на едноставноста на оперативниот систем, ниската цена на уредите, како и долгото траење на батеријата.

Microsoft веќе два пати се обиде да им конкурира на овие Google уреди, порано со Windows RT, кој сепак повеќе беше замислен како систем кој ќе се користи на уредите со екран на допир, а во поново време со Windows 10 S. Оваа верзија од Windows 10 е замислена да работи со намалени ресурси и само со апликациите достапни преку Microsoft Store.

Сепак, според кодот на една од Insider верзиите, Microsoft работи повторно на полесна верзија од оперативниот систем, овој пат верзија која можеби и ќе успее.

Windows Lite или можеби и само Lite, ќе биде името на оваа верзија, а за разлика од претходните, нема во неа да ја содржи целосната Windows 10 верзија. Lite ќе работи само со апликации од Microsoft Store, како и со PWA веб апликациите. Ќе треба да овозможи подолго траење на батеријата, како и работа на послаб хардвер, како и на мобилните чипови.

Lite верзијата нема да биде достапна да се купи или преку другите верзии од Windows, па ќе можат да ја вградат во одредени уреди само производителите на уредите, а тие ќе бидат наменети за образованието, односно да конкурираат на Chromebook од Google.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаФинансиската директорка на Huawei Менг Ванжу уапсена во Канада по барање на САД
Следна статијаРадиоактивни остатоци од нуклеарните тестирања и несреќи може да се најдат во храната и пијалаците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.