Иако Microsoft не успеа целосно во својата цел, Windows 10 да работи на сите можни уреди, хибридните уреди кои тие и производителите ги претставуваат се покажаа како доста популарни. Поточно, популарни се лаптопот компјутерите кои се направени така да може да се користат и како таблет компјутери.

За таа цел Windows 10 е направен да може лесно да се прилагоди и користи во таблет режим, па од компанијата не развиваат посебен оперативен систем само за таблетите и мобилните.

Поради успехот на Microsoft и другите производители со нивните хибридни уреди, почна да се „збори“ дека и Apple размислува за некакво спојување на macOS и iOS со цел претставување на хибриден уред. Тие веќе се обидуваат да го претстават нивниот iPad Pro како замена за лаптоп, меѓутоа реално тоа не е баш целосно можно.

Сепак, од компанијата не планираат вакво нешто и двата оперативни системи ќе си останат како што се, односно посебно. Ова го истакна Тим Кук и со тоа стави крај на сите шпекулации, за кратко интервју за The Sidney Morning Herald.

Главната причина за ова е верувањето дека доколку се комбинираат двата оперативни системи, ќе мора да се направат компромиси и да се жртвуваат одредени функции. Целта на компанијата е да го овозможи најдоброто можно корисничко искуство на уредот којшто се користи, а комбинацијата на двата системи нема да може да го овозможи истото.

Иако порано сметав дека концептот на Microsoft е одличен и дури „генијален“, морам да признам дека логиката на Тим Кук е добра. Оперативниот систем треба да овозможи да уредот за којшто е направен најдобро ја врши својата работа. Кога се обидуваме да го донесеме најдоброто од „двата света“ во еден, често резултатот може да биде полош од очекуваното.

Меѓутоа, начинот на којшто ги користиме нашите уреди, развојот на технологијата, полека мислам дека ќе овозможат да сепак главните уреди кои ги користиме, се хибридни. Може да ги погледнете и Google, не само Microsoft, за да видиме дека работите дефинитивно одат во тој правец.

Chrome OS со тек на време овозможи инсталирање на Android апликации, па оперативниот систем веќе се користи и на таблет компјутери, а не само на лаптоп.

ИЗВОРTechnoBuffalo
ИЗВОР 2MacRummors
Претходна статијаСите на стартната линија – уште 8 дена за пријавување на Виз Ер Скопски маратон
Следна статијаGrasshopper е нова апликација од Area 120 во Google која треба да не научи да програмираме
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.