The Verge

Кога Microsoft ја купи една од најпознатите апликации на Android за менување на стандардната тастатура на оперативниот систем, се очекуваше дека набрзо ќе ја донесе истата на тогаш се’ уште „живиот“ Windows 10 Mobile. Сепак, развојот на апликацијата продолжи, беше донесена и на iOS кога од Apple дозволија апликации кои ја менуваат тастатурата, меѓутоа Windows корисниците не видоа ништо од тоа за нив.

Сега после толку време, Microsoft конечно ќе ја донесе оваа тастатура на Windows 10. Истата нема да биде достапна како посебна апликација, туку стандардната тастатура на оперативниот систем ќе биде засилена со технологијата на SwiftKey.

Тоа значи дека корисниците ќе може да очекуваат многу подобри предлози и исправки при пишувањето, нешто по кое е позната SwiftKey. Дали со тек на време ќе бидат овозможени повеќето функции од апликацијата, ќе видиме, а јас лично се надевам дека ќе биде донесена барем можност за менување на теми.

Како и обично, достапноста на SwiftKey ќе биде овозможена на корисниците на најновата верзија од Windows 10 Insider Preview, а за сите корисници може да се очекува најверојатно од оваа есен, кога и ќе биде пуштена наредната поголема верзија од Windows 10.

Според некои информации, една од причините поради која Microsoft конечно ја вградува SwiftKey директно во Windows 10 е најавата за уреди со двоен екран, од којшто едниот ќе биде на местото на тастатурата, па виртуелната тастатура ќе треба да биде замена за неа. Добра виртуелна тастатура, како што е случајот со SwiftKey, ќе биде една од клучните работи за корисниците на ваквите уреди, а реално, основната тастатура на Windows 10, не може ни приближно да се мери со технологијата на SwiftKey.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаЗавршени спецификациите за 5G стандардот со што се отвора просторот за негова имплементација
Следна статијаMicrosoft разви систем со вештачка интелигенција за посигурни и побрзи надградби на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.