Одлична вест за develop-ерите на Ubuntu! Иако денес се смета за веројатно најпопуларната платформа за развивање на апликации, „Ubuntu“ се соочуваше со проблеми поврзани со комплицираниот пристап и совладување на начинот на работа на самиот оперативен систем.

Оние кои се занимаваат со „Linux“, ќе знаат дека туторијали или упатства за понатамошен развој на оперативниот систем беа тешко достапни или во друг случај, комплицирани. Главниот недостаток, секако беа и малиот број на „чекор-по-чекор“ упатства кои им се неопходни на корисниците особено оние кои за прв пат се среќаваат со платформата.

Ваквиот тек на настаните доведе и до застој во развојот на апликации наменети за паметните телефони кои денес се клучен елемент на пазарот. Можностите на „Ubuntu“ не беа на ниво да ги задоволат потребите на константното унапредување и промени кај паметните телефони, со што застанаа поназад во редот со големите конкуренти.

Во насока на промена на актуелната незавидна позиција, а земајќи го во предвид огромниот потенцијал на развојни можности на „Linux“,  „Canonical“ покрена нов веб-сајт наменет за туторијали и упатства за develop-ерите. Главната цел на „Canonical“ е да им овозможи на корисниците полесен и поефикасен начин да ги дознаат „триковите“ со кој ќе можат да создаваат и развиваат нови апликации наменети за „Linux “ платформата.

Фокусот е насочен кон популарно наречените „Snaps“ кои претставуваат нов и полесен начин за дистрибуирање, инсталирање, одржување и унапредување на различни компоненти на оперативниот систем. Челниците на „Canonical“ велат дека новиот веб-сајт, е само почеток на голем проект чија крајна цел ќе биде промоција и документација на нивната целокупна работа во развивање на софтвери. Особено позитивно и вредно да се спомене е тоа што компанијата има идеја бесплатно да им овозможи на илјадници заинтересирани develop-ери да учествуваат во унапредувањето на сервисот.

Идејата се надеваат дека ќе ја реализираат со оглед на тоа што Ubuntu Tutorials Website се базира на популарно наречениот Open Source пристап, што ќе значи дека кодот ќе им биде достапен бесплатно на сите заинтересирани преку  Ubuntu Tutorials GitHub repository. Се разбира, ќе постои и опција develop-ерите да поставуваат и свои туторијали што ќе помогне за лесно разрешување на најчестите проблеми со кои истите се соочуваат и ќе стимулира комуникација во конкретната заедница.

Извор: OMG!Ubuntu

Претходна статијаРецензија: Moto Z е достоен конкурент во високата класа, со уникатен сет на карактеристики
Следна статијаНаскоро ќе летаат електрични авиони – MagniX веќе има спремен прототип