windows-8-1-devices

Windows 8 не успеа да помине кај корисниците како нов оперативен систем кој што мора да се има. За разлика од Windows 7, кој што сеуште е во продажба и голем број на корисници го избираат него наместо новата осмица, за 8 може да се видат доста критики и барања за воведување на одредени функции или враќање на стари.

Она што предизвика доста забуна кај корисниците се и неколкуте различни верзии на Windows 8 зависно од тоа на каков хардвер е инсталиран системот и доаѓаат со различни функции и можности. На пример доколку користите таблет компјутер со ARM процесор, ќе ја добиете „нецелосната“ RT верзија наменета во основа за уредите со екран на допир и иако на неа ја има десктоп околината, нема да може да ги инсталирате и користите стандардните Windows 7 програми. Доколку користите уред со x86 архитектура, односно процесор каков што користат лаптоп и десктоп компјутерите, тогаш ја добивате целосната верзија на Windows која што покрај touch апликациите, на неа може да ги користите сите Windows 7 програми. Исто така тука е и Windows Phone верзијата која што е посебна верзија и независни од другите, како и најновата верзија на Xbox One оперативниот систем кој што е базиран на Window 8.

Ова кај корисниците не е чудно што предизвикува забуна и одбивност да го пробаат и користат новиот оперативен систем. Исто така доколку Microsoft во RT верзијата не ја вклучеше и десктоп околината, можеби работите ќе беа нешто појасни, односно на таблет можете да користите само touch апликации, додека на појаките верзии од компјутерите ќе доаѓаа со двете околини.

Исто така Microsoft доби многу критики и за отстранувањето на Start менито, кое што во 8.1 верзијата на Windows делумно е вратено во форма на Start копче, кое што ве носи на Start екранот или со десен клик до мени со повеќе корисни опции.

Според одредени информации кои протекуваат на интернет, може да се видат одредени промени што од Microsoft планираат да ги воведат со наредната верзија од Windows, 8.2 или можеби и 9, зависно од тоа кога и дали ќе бидат навистина воведени.

Она што може да се прочита, а е и потврдено до некаде од официјални лица во Microsoft е унифицирањето на верзиите на Windows кои што се достапни, па би требало да се намали забуната која што настанува сега. Се верува дека во RT верзија целосно ќе биде отстранета десктоп околината, па уредите кои ја имаат инсталирано оваа верзија да бидат наменети само за touch апликациите и ништо повеќе.

windows-7-start-menu

Исто така има информации дека во наредната верзија ќе биде вратено Start менито, кое што ќе биде достапно само за корисниците на десктоп и лаптоп компјутери. Оваа функција ќе биде достапна како избор, па доколку некои корисници се имаат навикнато да работат без менито, ќе може да го исклучат. Можноста за користење на модерните touch апликации во десктоп околината, отворени во посебен прозорец се исто така дел од можните новини, нешто што сега е можно преку ModernMix програмата од StarDock.

Кодното име кое што го носи новата верзија на Windows е Threshold.

Претходна статијаSamsung го претстави првото mSATA SSD со 1TB капацитет
Следна статијаNSA и GCHQ ги шпионирале online игрите како World of Warcraft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.