Microsoft се’ уште го нема потврдено официјалното име на надградбата на Windows 10 која треба да стане достапна оваа пролет, меѓутоа истото веќе може да се забележи на неколку места, како на пример во PowerShell со внесување на одредена команда во најновата тест верзија од оперативниот систем.

Од тоа може да се види дека Creators Update ќе остане како дел од името веќе трет пат, а надградбата овој пат соодветно ќе биде наречена Spring Creators Update, односно Пролетна надградба за творците.

Од компанијата покажуваат дека Windows 10 во голем дел е насочен кон задоволување на потребите на професионалците, нешто што долго време тоа успешно го правеше Apple.

Се разбира, овие надградби вклучуваат и голем дел на новини за обичните корисници, па дефинитивно е интересно да се следи развојот на овој оперативен систем.

Во оваа надградба се очекува воведување на одложената Timeline функција која овозможува хронолошко следење на работата на компјутерот и враќање во било кое минато време доколку нешто е изгубено или постоел проблем. Исто така, во оваа верзија се очекува дополнително воведување и подобрување на Fluent Design корисничкиот интерфејс, како и дополнителни подобрување во Edge.

Spring Creators Update, ако може официјално така да ја нарекуваме веќе, треба да стане достапна најверојатно од идниот месец за сите корисници.

ИЗВОРUbergizmo
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаБојана од Мој Психолог: Човекот стагнира во овој виртуелен свет кој го создадовме
Следна статијаИднината е “on demand”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.