S3A43

Samsung денес ја повлече неодамнешната Android Jelly Bean 4.3 надградба за Galaxy S3, откако се соочи со бројни поплаки од страна на корисниците.

Според изјавите на корисниците, по инсталирањето на софтверската надградба, батеријата на уредот се празнела многу побрзо од вообичаеното, некои апликации престанале да функционираат, додека алармите не се активирале во предвиденото време. Исто така, во некои случаи уредите се „мрзнеле“ при добивање на повици и бавно се „буделе“ од состојба на мирување.

Иако поплаките во главно се однесуваат на надградбата за Galaxy S3, со проблеми се соочиле и некои корисници на Galaxy S4.

Од страна на Samsung ги истражуваат причините за настанатите проблеми по инсталирање на надградбата и ветуваат дека ќе дадат детален извештај за ситуацијата веднаш штом се најде решение за истата.

Претходна статијаWindows 8.2 во јануари?
Следна статијаWinamp се затвора на 20-ти Декември