sailfish-home

Sailfish OS е нов оперативен систем развиен од страна на поранешни вработени во Nokia кои имаат работено на развој на MeeGo оперативниот систем. Тие отвораат своја компанија по прекинувањето на развојот на MeeGoo на сметка на Windows Phone. Компанијата се вика Jolla,  како и мобилниот телефон кој што го претставија на пазарот.

Од Jolla информираат дека планираат Sailfish OS да го направат достапен за корисниците на Android уредите, кои веќе се запознаени со начинот на инсталирање на друг оперативен систем од тој што е дојден со нивниот уред. За голем број на корисници овој процес навистина е познат и тие користат некои од поголемиот број на достапни прилагодени оперативни системи.

Овие прилагодени оперативни системи се нарекуваат Custom Roms и се направени на база на Android. Поради фактот што Android е open source софтвер, секој што доволно се разбира може да го симне и промени на свој начин. Производителите на уреди како Samsung  го прават истото, па затоа Android на нивните уреди не изгледа исто како што изгледа на некои уред од друг производител. Меѓу најпознатите Custom roms е CyanogenMod кој што обезбедува основен Android изгледа, меѓутоа со додатни опции.

Овој начин на ширење на достапноста на оперативниот систем веќе користат од Canonical, овозможувајќи им на корисниците да ја инсталираат мобилната верзија од својот оперативен систем Ubuntu.

Претходна статијаAndy Rubin човекот позади Andorid OS ќе работи на развој на роботика во Google
Следна статијаЕвропската комисија го одобри купувањето на дел од Nokia од страна на Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.