jollasailfishos

Sailfish OS е оперативен систем кој произлезе од финската компанија Nokia и нивниот MeeGo, кој ветуваше дека ќе биде достоен конкурент на Android како отворена платформа. Сепак, како што сите знаеме, денес на пазарот доминантни се два оперативни системи и Sailfish OS не е еден од нив.

Сламката на спасот за финскиот софтвер доаѓа од Русија. Имено, руската влада и сите придружни владини агенции и корпорации кои ги поседува државата, ќе користат Sailfish OS, покрај веќе актуелниот Android. Идејата на Русите е едноставна – сакаат да зависат што помалку од американски софтвер и американска технологија.

Покрај тоа, Министерството за Комуникација во Русија го избрало Sailfish OS поради отворената природа на системот. Во потесниот избор бил и Tizen OS на Samsung, кој е малку позатворен систем и засега работи само со уредите на Samsung. Jolla инаку наскоро планира сличен влез во Кина и Јужна Африка, што би било огромен успех за платформата.

Sailfish OS верзијата која ќе биде вградена во телефоните на вработените во администрациите нема да биде иста како кај комерцијалните изведби. Таа тука ќе биде интегрирана со руски сервиси на Open Mobile платформата, поточно тие го лиценцираат нивниот оперативен систем за користење.

Од Jolla велат дека со ова драматично го имаат зголемено бројот на дивелопери во Русија, а во иднина Open Mobile планира и лансирање на евтин смартфон, кој би можел да се продаде во прилично големи бројки на професионалните корисници, односно администрациите. Телефонот би можел да го произведува Lenovo, кој е веќе во преговори со Open Mobile и Jolla.

Извор: ZDNet, Forbes, TechCrunch

Претходна статијаNetflix овозможи симнување на содржина за гледање без интернет конекција
Следна статијаПоголема слобода на копирање со помош на Clip Layer од Microsoft