ubuntu-desktop
Извор: OMG! Ubuntu!

 

На Google Hangouts сесија која се одржа на 21 Ноември 2013, Virtual Ubuntu Developer Summit (vUDS), Matthieu James претстави нови и редизајнирани икони кои треба да се користат во идните верзии на Ubuntu. Истите ќе бидат унифицирани, односно ќе бидат исти и на десктоп и на мобилната верзија од овој оперативен систем. Matthieu James е ангажиран од страна на Canonical пред одреден период конкретно за изработка на новите икони.

Новите икони ќе бидат направени според во последно време популарниот стил на дизајнирање, односно ќе бидат со рамен дизајн и со повеќе стилизиран изглед.

Целта на новиот дизајн е да даде кохерентност, личност и чувство на сопственост на дизајнот на иконите. Истражувањата од страна на Canonical имаат покажано дека корисниците имаат обичај да ги гледаат апликациите инсталирани на нивниот систем како нивни или како дел од оперативниот систем. Врз основа на овие истражувања, новите икони ќе се разликуваат во зависност дали се работи за апликации кои доаѓаат со оперативниот систем, апликации кои служат за прилагодувања на истиот, или апликации кои корисниците сами ги инсталираат. Апликациите од оперативниот систем ќе бидат со помалку бои и по скромни на изглед, додека другите апликации и папките ќе бидат со повеќе бои, поинтересни и ќе имаат за цел да бидат издвоени од системските апликации.

Иконите сеуште не се достапни за симнување, а се планира истите да бидат вклучени во наредната верзија од Ubuntu за мобилни 14.04.

Извор: OMG! Ubuntu!
Извор: OMG! Ubuntu!

 

Во продолжение можете да ја погледнете целата Virtual Ubuntu Developer Summit (vUDS) сесија која трае скоро цел час.

http://www.youtube.com/watch?v=0AEvSIX41lk

Извор: OMG! Ubuntu!

Претходна статијаXbox One направи продажба повеќе од 1 милион во првите 24 часа
Следна статијаGeary едноставен email клиент за Linux
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.