Во првата половина од минатиот месец, само една недела по официјалното пуштање, Windows 10 October 2018 Update беше повлечена поради појава на проблем и одложена на неодредено време до средување на проблемот.

Причината за ваквата одлука, односно проблемот кој се има јавено е бришењето на податоци кај одредени корисници. Бришењето сепак не било сериозно, а се случувало во ситуациите кога корисниците ја менувале локацијата на папките Documents, Pictures и другите, па податоците од оригиналната локација биле избришани и оставени само тие на новата.

Во меѓувреме Microsoft работеше на отстранување на проблемот, по што повторно ја пушти надградбата кај Insider корисниците со цел да се осигураат дека ќе нема повторно такви проблеми.

Во текот на вчерашниот ден надградбата повторно е пуштена за сите корисници, па доколку ја чекавте, можете да ја инсталирате.

Начинот на којшто работи Windows Update од оваа година е да ја пушта надградбата врз основа на проценката од страна на вештачка интелигенција, па поради тоа и истата станува достапна на поголем број на корисници за побрзо време.

Исто така, новина е можноста да се добие надградбата само со проверка за надградби во Windows Update, поради тоа што Microsoft ги смета тие корисници за заинтересирани, па им ја пушта веднаш.

Инаку, за што е се ново во Windows 10 October 2018 Update можете да прочитате на оваа статија.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаКој го замени Елон Маск како Претседател на одборот на директори на Tesla
Следна статијаРСБСП со потсетување до возачите: На 15 ноември започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.