На почетокот од овој месец, како што сигурно сте запознаени, Microsoft почна со пуштање на втората поголема надградба за оваа година, наречена Windows 10 October 2018 Update. Оваа надградба ја подобрува работата на оперативниот систем, но и донесува неколку новини.

Сепак, како што се случи и во априлската надградба, така и оваа мораше да биде прекината поради појава на проблеми по нејзината инсталација. Проблемот предизвикуваше бришење на податоците на корисниците по инсталација на надградбата, па Microsoft истакна дека ќе го открие причинителот и ќе издаде решение.

Проблемот е лоциран, па неговото решение веќе е пуштено во тест верзијата од Windows 10, односно на Windows Insider корисниците. Тие како и обично ќе бидат тест за системот, па доколку се помине како што треба, ќе продолжи надградбата за сите корисници.

Инаку, од Microsoft конкретно објаснија за каков точно проблем се работи. Корисниците кои ја имаат променето локацијата на стандардните папки како Documents, Pictures, Videos и слични, односно имаат избрано да локацијата на овие папки е на друг диск, се имаат соочено со проблемот.

Поточно, избришана била содржината на оригиналната локација на папките, доколку корисниците имале оставено податоци во неа. Новата локација ги има задржано податоците, што на крајот излегува дека сепак податоците биле зачувани на едната локација.

Од компанијата исто така истакнуваат дека проблемот се има јавено кај многу мал број на корисници, односно кај една стотинка од 1%, па прекинувањето на надградбата е направено со цел да не се случи ова кај поголем број на корисници.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаMicrosoft го претстсави Project xCloud – сервис за стриминг на видео игри од било кој уред
Следна статијаGoogle ги претстави Pixel 3 и Pixel 3 XL со поголеми екрани, помали рамки и исечок кај поголемиот модел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.