По грешка пуштена Insider верзија од Windows 10 покажува ново Старт Мени на кое работат од компанијата

Новото Старт Мени се верува дека се развива за „Lite“ верзијата од Windows 10 и истото не ги вклучува карактеристичните „живи плочки“

Во текот на неделата, Microsoft по грешка пушти верзија од Windows 10 на Insider корисниците, која не била наменета за пуштање, односно е наменета за внатрешно тестирање од страна на програмерите во компанијата.

Insider корисниците на кои им била пуштена верзијата го тестираат Windows 10 за идната година, па има доста време да дознаеме што од ова што беше случајно откриено ќе биде воведено во оперативниот систем.

Со пуштањето на оваа верзија, која инаку била пуштена само за корисниците на 32-битен систем, што значи дека мал број ја имаат добиено, се виде ново Старт Мени кое е целосно различно од сегашното.

Новото Старт Мени воопшто ги нема „живите плочки“ и наместо нив достапни се само икони од апликациите. Во оваа фаза менито е уште на почеток од развојот, па нема што дополнително да се види за тоа што може да очекуваме.

Исто така, не е јасно дали ова Старт Мени ќе биде стандардно за сите верзии од Windows 10 идната година или сепак се спрема само за „полесната“ верзија од оперативниот која веќе одреден период се најавува.

Дечките од Windows Central имаат направено одлично видео во кое го прикажуваат новото мени, како и претпоставките кои ги имаат за него, па можете да го погледнете на почетокот од статијата.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЕд Ширан наспроти Петар Грашо: Дали радиo станиците постојано емитуваат иста музика?
Следна статијаТри феноменални филмови/серии со патување низ времето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.