Официјалната продавница за апликации на Android, Play Store, доби целосен редизајн којшто може да се каже дека го менува карактеристичниот изглед најмногу досега. Новиот дизајн е направен според правилата на Google од нивниот Material Design и голем дел од апликациите од компанијата веќе го добија овој изглед, што значи дека за тие кои ги користат активно апликациите од Google, оваа промена ќе биде позната.

Тоа што веднаш се познава е дека веќе ја нема карактеристичната зелена боја во која беше направен горниот дел од апликацијата. Сега целата апликација има во главно бела боја, без многу ленти со што се добива уште поедноставен и модерен изглед.

На горната страна сега се што е останато е лентата за пребарување, која е и помала, како и „хамбургер“ копчето преку кое се отвора менито од апликацијата.

Навигацијата низ апликацијата е преместено на долната страна каде ќе може да ги најдете категориите: Игри, Апликации и Филмови, во нашата земја не се достапни книгите.

Овој нов стил се пренесува и на останатите делови од апликацијата, поточно продавницата за апликации, па и кога ќе се притисне на некоја апликација, може да се забележи едноставноста на новиот дизајн.

Новата Play Store ќе ви биде автоматски инсталирана во периодот што следи, доколку тоа веќе се нема направено на вашиот уред. Надградбата е автоматска, односно нема што конкретно да направите за истата.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаVoloCity е првото комерцијално летало од Volocopter кое треба да функционира како такси
Следна статијаAndroid Q официјално е наречен Android 10, а оперативниот систем добива и ново лого
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.