Пред само месец дена можевме да прочитаме за WannaCry малициозниот софтвер којшто ги нападна корисниците на Windows компјутери, од скоро сите верзии на овој оперативен систем.

Главната причина што овој малициозен софтвер привлече големо внимание, покрај доволно големата распространетост и штета која ја направи, е тоа што тој е направен користејќи код развиен од американските тајни служби. Ваквите информации само потврдуваат дека службите како NSA не се откажуваат од желбата да добијат пристап до масовно користените оперативни системи, без разлика дали тоа ќе биде со или без согласност на компаниите кои ги развиваат.

Овој месец, повторно, читаме за нов малициозен софтвер од ransomware категоријата, повторно направен користејќи го кодот развиен од американските служби.

Petya е името на овој софтвер и исто како WannaCry функционира на начин што прави енкрипција на податоците на хакираниот компјутер, со што корисникот губи пристап до тие податоци. За да може да му бидат ослободени податоците, софтверот бара уплата на одредена сума на пари, како откуп, од каде доаѓа и името на овој вид на малициозни софтвери.

Според информациите, Microsoft уште во март има пуштено закрпа за Windows која ги штити корисниците, па се препорачува, како и секогаш, да ги имате инсталирано сите најнови верзии од системот којшто го користите.

Исто така, за разлика од WannaCry, Petya се нема распространето до тој степен, а тоа најверојатно се должи на фактот што тој се шири само на локалната мрежа, кога ќе зарази одреден компјутер.

Како и да е, покрај препораката за редовно ажурирање на оперативниот систем, се препорачува и користење на анти вируси софтвер, без разлика дали е платен или некој од бесплатните верзии.

Претходна статијаHonor 9 е смартфон од високата класа, со цена на модел од средната
Следна статијаФондацијата Saint-Gobain Initiatives додели грант на Хабитат Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.