Microsoft уште пред 2 години најави дека го прекинува развојот на познатата Paint апликација која ја има со секоја верзија од Windows. На местото од истата доаѓа нова верзија наречена Paint 3D.

Иако новата апликација може целосно да ја замени старата Paint, а овозможува и додатни можности, сепак голем дел од корисниците се имаат побунето за одлуката на Microsoft, па како што и самите може имате забележано, Paint уште е стандарден дел од Windows 10.

Ова изгледа конечно ќе се промени од идната година со надградбата од Windows 10 која ќе стане достапна идната пролет. Тест верзиите од таа верзија веќе одамна се достапни на Insider корисниците, па и врз основа на нив ги гледаме промените кои може да се очекуваат.

Во најновата тест верзија од Windows 10 за идната година може да се види дека Paint, заедно со уште неколку други работи, меѓу кои и WordPad, се ставени во листата на опционални апликации и сервиси.

Иако тие се сепак вклучени, ова покажува дека во иднина тие може ќе дојдат исклучени, па кој ќе сака ќе мора да ги вклучи рачно, а со тек на време и нема воопшто да бидат дел од оперативниот систем.

Додавањето на листата со опционални апликации и сервиси значи дека корисниците ќе можат и да ги исклучат овие апликации. Тоа не е исто со нивно бришење, но сепак веќе нема да се гледаат во листата на апликации и слично.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаHuawei P30 Pro е „Смартфон на годината” според EISA
Следна статијаThe Boys – серија што не смеете да ја пропуштите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.