Oreo

Samsung ја финализираше официјалната верзијата на оперативниот систем Oreo наменет за нивните уреди од серијата Galaxy S8 и S8+. Вака подготвениот пакет, прво ќе оди кај тестирачите, додека јавноста ќе може да го очекува од наредната недела.

Според некои извори, се работи за софтверско надополнување кое ќе „тежи“ 487MB за оние кои се веќе префрлени на некоја претходна верзија. Оние пак, кои Nougat ќе го заменат со Oreo ќе треба да издвојат доста повеќе меморија.

Новиот софтвер ќе донесе голем број новитети кои им се веќе познати на корисниците на другите Android уреди. Меѓутоа, оваа верзија е конкретно наменета за уредите од оваа серија на Samsung. Како позначајни измени се наведува можност за користење на две инстанци од истата апликација истовремено. Понатаму, Oreo ќе го олесни најавувањето во апликации со тоа што автоматски ќе синхронизира податоци од вашиот Google налог. Комплетниот список со измени и дополнувања можете да го погледнете на видеото во продолжение.