Една од најкорисните функции на OneDrive карактеристична за времето на Windows 8, беше можноста да се гледаат сите достапни фајлови во File Explorer, без разлика дали тие се синхронизирани на уредот или не.

Со тоа корисниците имаа можност да имаат пристап до своите фајлови, без потреба од отворање на OneDrive преку интернет прелистувач, а сепак да заштедат простор на својот уред со тоа што ќе ги синхронизираат само тие фајлови или фолдери коишто најмногу им се потребни.

Како што ни е познато на повеќето, оваа функција беше тргната со Windows 10, па остана само можноста да се изберат фајловите и фолдерите коишто сакаме да ни бидат достапни на уредот и само тие можеме да ги гледаме преку File Explorer. За останатите фајлови добра вест беше претставувањето на модерната OneDrive апликација која овозможи побрзо разгледување на останатите, односно на сите фајлови во облакот.

Со претставувањето на Fall Creators Update надградбата на Windows 10 на својата Build 2017 конференција, Microsoft најави дека ќе ја врати функционалноста на OneDrive како што беше претходно.

Функцијата сега ќе се вика OneDrive Files On-Demand и ќе овозможи прегледување на сите фајлови и фолдери од облакот преку File Explorer без разлика дали тие се синхронизирани на уредот или не.

Нова икона и категорија ќе биде додадена во File Explorer кој ќе го покажува статусот на фајловите, односно доколку се достапни само во облакот, соодветно до нив ќе стои икона од облак.

Отворањето на фајловите од облакот ќе ги симне на уредот, по што тие ќе станат достапни со сите свои измени во иднина. Се разбира останува можноста за избор на цели фолдери да бидат достапни на уредот цело време.

Од Microsoft исто така најавија дека корисниците можат да изберат одредени фолдери да бидат достапни и без интернет конекција на Android и iOS. Корисниците на тој начин ќе можат да имаат пристап до тие фајлови и кога не се онлајн, а направените промени ќе се синхронизираат со облакот нареден пат кога ќе има интернет на тој уред.

Извор: Office Blog, The Verge, TechCrunch

Претходна статијаZ4 е “Tizen OS” знаменосецот на Samsung, со ужасно слаби спецификации
Следна статијаПопуларноста на Android го направи привлечен за малициозен софтвер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.