OneDrive е дел од Windows 10 веќе одамна, а на корисниците им овозможува едноставно и лесно синхронизирање на податоци во облакот, преку интегрирање во File Explorer за работа како со локални податоци. Со текот на годините овој сервис од Microsoft добиваше нови функции, а слободно може да се каже дека е еден од најкорисните, посебно за тие коишто работат на повеќе уреди.

После одреден период на тестирање и прво достапност за бизнис корисниците, OneDrive за Windows 10 сега овозможува автоматско синхронизирање на папките Desktop, Documents и Pictures во облакот.

Од Microsoft оваа нова функција ја промовираат како еден вид на заштита за важните податоци на корисникот кои на овој начин ќе биде сигурни во облакот, без разлика што ќе се случи со компјутерот. Предноста на ова синхронизирање е што корисниците не мора да прават посебни папки и да ги организираат за податоците што ги ставаат во овие папки од компјутерот.

Функцијата во нашиот случај автоматски беше вклучена, а истата можете да ја најдете со притискање на OneDrive иконата, па потоа на More > Settings. Кога ќе се отворат прилагодувањата на OneDrive, потребно е да притиснете на Auto Save лентата, па на Update Folders копчето. Во овој дел може да изберете дали сакате да ви бидат вклучени или исклучени од синхронизација гореспоменатите папки, односно тоа можете да го направите за сите три посебно.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПовеќе стотици Instagram сметки хакирани со ист начин на промена на информациите во нив
Следна статијаСтанете вирална сензација со својот талент со новото онлајн музичко натпреварување во светот Sing2Bling
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.