Иако не беше официјално потврдено од страна на Microsoft, наредната надградба од Windows 10 беше очекувана да започне од 10-ти април. Тој ден се погоди да биде и вторник, ден кога од компанијата ги пуштаат повеќето закрпи за оперативниот систем.
Како што знаете, со Windows 10 Microsoft започна систем на надградби на оперативниот кој вклучува две поголеми надградби, со нови функции, во годината, покрај стандардните закрпи.
На ред е верзијата 1803 која се’ уште неофицијално се нарекува Spring Creators Update, односно Пролетна Надградба за Творците, буквално ако преведеме. Ова значи дека од компанијата продолжуваат главниот акцент да го ставаат на овој вид на корисници, односно јас би рекол во преземањето на корисници од Apple.
Инаку, 10-ти април помина, а надградбата не започна да станува достапна за корисниците. Од Microsoft со оглед на фактот што ова дата никогаш не ја најавија официјално, не излегоа ни со информација зошто оваа недела на почна со пуштање на истата.
Според повторно неофицијалните информации, причината за тоа е откривање на „баг“ за време на изминатиот викенд, поради што е решено да не се почне со пуштање на надградбата.
Got some more info on this: Microsoft was going to rollout on April 10, but found a blocking bug over the weekend that was bad enough to hold the release. Not sure if bug was fixed in 17133.73 or if it’ll come in another patch. RS4 will likely begin rollout in a couple weeks now. https://t.co/qxcbHCdPUo
— Zac Bowden (@zacbowden) April 10, 2018
Колку време ќе им треба од компанијата да го решат проблемот не може да ни е познато, па очекуваме дека сепак одложувањето нема да биде подолго од неколку недели во најлош случај.