blur

Официјалното тестирање на Windows 10 е стигнато до 10061 верзијата за која што можевме да прочитаме оваа недела. Како што е случајот до сега, до официјалното претставување можеме да очекуваме редовно протнување на неофицијални слики од разни проверени и непроверени извори.

Денеска имаме неколку слики од различни извори кои што покажуваат какви промени можеме да очекуваме во некоја од наредните тест верзии. Работите кои што се претставуваат во одредени тест верзии не мора сигурно да значи дека ќе бидат дел од финалната верзија, посебно доколку се покажат како непопуларни кај корисниците.

Од сликите може да се видат во главно промени во корисничкиот интерфејс, нешто што може да се каже дека досега и не беше во преден план во развојот. Со оглед дека се ближи времето на завршување на системот, можеме да очекуваме и повеќе промени во „шминката“.

Една од промените е интегрирање на Cortana повеќе во Старт менито. Наместо да се прикажува како обичен бел правоаголник, Cortana сега е целосно на левата страна од екранот со мени кое што се издига од Старт копчето.

20150428_145452_495

Исто така, од сликите се забележува и вклучување на ефект на транспарентност со заматување на позадината на Старт менито и на таскбарот. Сега за сега изгледа останува одлуката прозорите веќе да немаат вакви ефекти.

Друга слика покажува нов ефект, односно анимација при отворањето на старт менито и одредени апликации. Тие се вртат прикажувајќи 3Д ефект, нешто што досега беше тотално исклучено од таканаречениот модерен, рамен дизајн стил.

После прифаќањето на рамниот дизајн од скоро сите други компании, сигурно може да се смета како добра одлука да Microsoft кои беа едни од првите поголеми компании кои почнаа да го употребуваат, истиот да го променат до некаде со додавање на одредени анимации и дизајн промени.

Извор: Winbeta 1, Winbeta 2, The Verge

Претходна статијаНов тест за Паркинсонова болест преку куцање на тастатура
Следна статијаПријавете се во натпреварот за „Интернет на нештата“ решенија и освојте рекламна кампања вредна 30.000 евра за вашиот бизнис
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.