Веќе неколку пати можевме да прочитаме дека Microsoft планира укинување на лозинките за нивните сервиси, па сега ова можеме да го видиме и официјално имплементирано во Windows 10, во најновата Insider верзија.

Инаку, оваа можност би била воведена најрано идната година. Како што веќе можеше да се прочита, главните тестирања на Insider корисниците се за верзијата од идната година, а втората за оваа година верзија од Windows 10 ќе биде мала надградба која ќе биде пуштена како и стандардните месечни безбедносни надградби.

Исклучувањето на лозинките значи баш тоа, исклучување на можноста да на вашата Microsoft сметка некој може да се најави со лозинката. Тоа ја зголемува безбедноста на сметката затоа што нема лозинка која може да биде откриена, пробиена и слично.

Најавувањето тогаш се прави преку скенирање на отисокот од прстите, преку скенирање на лицето, ПИН код и слично. Ова се работи кои се зачувани локално на компјутерот, а не на сервер, а кога се користи и биометриската автентикација, значи и дека мора вие како корисник да сте присутни за да може да се најавите на сметката.

Во тест верзијата од Windows 10, преку Settings може да се вклучи опцијата која е наречена „Make your device passwordless“, по што сите најавувања, за било кои Microsoft сметки на тој уред, ќе може да се направат само преку некој од другите начини, но не со лозинка.

Кога ќе се земе во предвид и тоа колку луѓето несериозно бираат лозинки за сервисите кои ги користат, нивното укинување значително ќе ја зголеми безбедноста онлајн.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei го регистрира името Harmony во ЕУ како можно име за нивните нови оперативни системи
Следна статијаКој е најдобар “ПР специјалист“ во хрватската политика дознајте на Викенд Медиа Фестивал
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.