Huawei

Huawei објави ажурирање на својот EMUI 9 кориснички интерфејс за постарите модели на компанијата како што се Mate 9 и P10, исполнувајќи го своето ветување дека постојано ќе се грижи за потребите на потрошувачите.

Ова ажурирање е достапно за претходните генерации паметни телефони објавени по 2016 година. За Македонија, овие модели се Mate 9, P10 и P10 Plus, Mate 10 Pro, P20 Pro, P20, P20 Lite, Mate 20 Lite и P Smart 2018. До 3 јуни 2019 година бројот на корисници надградени од EMUI 8.X на EMUI 9 достигна  над 80 милиони, а се очекува да достигне 100 милиони до крајот на јуни.

Во EMUI 9 елементите за конфигурација се намалуваат за 10%. Тој нуди повеќе интуитивно управување со паметни телефони, навигација со гестови со целосен екран, како и со GPU Turbo 2.0, што резултира со полесно работење на уредот и подобро искуство со целосна опција.

Доколку се’ уште не сте се преминале на EMUI 9, можете да најдете инструкции како да го направите тоа на вашиот паметен телефон (Settings > Update Software). Можете исто така да го направите преку апликацијата HiCare. Тековната верзија на вашиот софтвер може да се провери од (Settings > System > About Phone).

Оставете коментар